Убиство во чајџилница во Ченто

Едно лице е убиено вечерва околу 18 часот во чајџилницата „Кај Џељо“ во населбата Ченто, каде што влегол непознат напаѓач маскиран  со фантомка и пукал во гостите со автоматска пушка.  Засега не е утврден идентитетот на жртвата.

Прострелна рана во подлактица добил уште еден гостин во чајџилницата и е пренесен во Хируршката болница „Св.Наум Охридски“, но е надвор од животна опасност.

Напаѓачот е во бегство, а полицијата врши увид на местото и трага по мотивите за убиството. Според очевидци, во моментот на нападот во чајџилницата бил и нејзиниот сопственик.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести