Американскиот конгломерат „Амазон“ веќе некое време гради своја мрежа сателити во ниската Земјина Орбита, наречена „Амазон Лео“, којашто за своето место под ѕвездите ќе се натпреварува со „Старлинк“ на „Спејс-Икс“ – моментно најголемата мрежа во вселената.
Потпретседателот одговорен за „Амазон Лео“, Крис Вебер објави дека веќе се распоредени повеќе од 390 сателити – очигледно доволно „за поддршка на континуирана услуга на почетните географски широчини“, како што самиот појасни. Според наводите, компанијата веќе направила „доволно лансирања за почетна услуга оваа година“, алудирајќи на планот за „Лео“ да стане општо достапна услуга пред крајот на оваа, 2026 година.
Оние кои се заинтересирани да бидат меѓу првите корисници, можат да се пријават на списокот на чекање. „Амазон“ ќе понуди три различни приемници за „Лео“, имено – „Нано“ што ќе поддржува брзини до 100 мегабити во секунда, „Про“ – со брзини до 400 Мбпс и најполе – „Ултра“ којшто ќе овозможи брзини до еден гигабит во секунда.
МИА


