Акциониот херој од филмот „The Fast & The Furious“, актерот Пол Вокер загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во близина на Лос Анџелес. 40-годишниот Вокер требало да присуствува на добротворна акција кога се случила сообраќајната несреќа. Во неа животот го загубил и возачот на автомобилот чиј идентитет се уште не е објавен но најверојатно се работи за сопственикот на тркачкиот тим на Вокер, Роџер Родас.
Според очевидци, црвеното „Порше“ во кое биле Вокер и неговиот пријател излегло од контрола и се забило во дрво, а потоа и во бандера. Полицијата на Лос Анџелес потврди дека се случила сообраќајка во местото Санта Кларита и двајцата патници загинале на самото место.


