Тоталниот аутсајдер во ракометната Лига на Шампиони, Вакер Тун, го освои првиот бод извлекувајќи реми (24:24) против македонскиот ракометен првак Металург.
Со нереализирани 6 удари од седум метри, Металург изигра еден од полошите свои натпревари. Во текот на второто полувреме ракометарите бркаа негатива која успеаја да ја стигнат кон самиот крај, па на среќа извлекоа реми, а со тоа и еден бод.
Лукас Вон Дешванден играше фантастичен натпревар со 10 погодоци, а во македонскиот тим најефикасен беше Ренато Вугринец со 7.
Првиот меч помеѓу овие екипи, што се одигра во Берн, нашиот тим го реши во своја полза и славеше победа од 23:22.
Нареден натпревар на Металург во рамки на Лигата на шампионите е на 5 февруари, против второпласираната екипа во групата, ПСЖ. Металург славеше против францускиот тим со 28:26 во второто одиграно коло од Групата Ц.


