Изјава на ректорот на Киевскиот универзитет:
Во овој ден на насилство без преседан, од страна на волци со еполети, јас не можам да молчам. Ние ги повикавме студентите на мирни протести и толерантност, а оние кои жестоко го нападнаа апсолутно мириот собир, ја преминаа границата и извршија предавство кон Украинскиот народ.
Осудувајќи ја агресијата кон невините студенти и граѓани на Украина, сакам гласно да кажам: НЕ СЕ ПЛАШАМ ! Знам, дека утре некој од нас може да го избркаат од работа, да го компромитираат, да го затворат или убијат.
Изјавувам: јас не се плашам ! Не се плашам од Вас, не можете да нè убиете или фрлите во затвор сите. Мене, моите колеги и помошници, нашите студенти !
Нема Европа без Украина ! Нема Украина без Народ ! Нема народ без слобода!
Виктор Огневјук
ректор на Киевскиот Универзитет „Борис Гринченко“


