Откако Ф1 тимот на Мерцедес издаде официјално соопштение дека Рос Браун, тимскиот шеф и косопственик, го напушта тимот, Ники Лауда не го криеше своето незадоволство.
„Тој си замина на кратко. Рече дека сакал одмор и го сфаќам тоа. Ќе се занимава со своето хоби – рибарење. Сепак мислам дека тоа наскоро ќе му здосади и ќе се врати во Ф1, без разлика дали тоа им се допаѓа на ФИА или не“. – изјави Австриецот.
Нов тимски шеф на Мерцедес во 2014 година се очекува да биде поранешниот технички шеф на Мекларен, Педи Лоу, кој ќе соработува со трикратниот светски Ф1 првак, Ники Лауда.


