ПАЗАР НА ТРУД : За едно работно место- 12 невработени!

преземено од Порталб http://portalb.mk/CategoryContent/RenderSingleContent/19-Bota/30650-Kisha-greke-perfshihet-nga-skandali-prifti-vishet-si-nuse

Нова владина мерка за самовработување – државата ќе субвенционира  плата за 125 невработени лица до 29 години. Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, ова ќе биде уште една активна мерка за намалување на невработеноста. Од Буџетот ќе се одвојат 207 илјади евра. Оние работодавачи кои ќе одлучат да вработат вакво лице од државата ќе добијат субвенција во текот на 6 месеци, со обврска работникот да го задржат на работа и во следните шест месеци. Колку, како и дали владините мерки за самовработување и вработување дадоа ефект? Се нудат кредити и субвенции, но и обврски за оној што сака да добие буџетски пари. Што се случува на пазарот на труд – во приватниот сектор  се слободни повеќе од 7 000 раборни места, а работа бараат повеќе од 93 000 лица.

Недостаток од келнери, шанкери и општи работници?

Најдлабока стапка на невработеност има кај младите работоспособни лица. Според последните раположливи мерења на Заводот за статистика, во вториот квартал од годинава,  стапката на невработеност кај лицата од 15 до 24 години изнесува скоро 52%, потоа следуваат лицата на возраст од 25 до 49 години, кај кои стапката на невработеност изнесува 27,2%. Само овие две групи, според статистиката, опфаќаат повеќе од 219 илјади невработени лица.

Новата владина мерка за самовработување ќе биде шанса за 125 млади лица, но под услов тие да се корисници на социјална помош и да се регистрирани како активни баратели на работа. Кога министерот за труд го обелодени конкурсот, не објави анализа колку граѓани со ваков статус се потенцијални кандидати за државната субвенција.

Државата во период од 6 месеци ќе обезбеди субвенција од 1 700 евра, а работодавачот ќе мора да го задржи вработениот уште 6 месеци, што значи дека на ваков начин се добива загарантирана работа за една година. Каков ќе биде интересот на прватниот сектор, ќе се анализира по 20 ти декември, кога завршува огласот, во меѓувреме, бизнисмените велат дека сите мерки што се спроведуваат мра да се темалт врз основа на јасни и прецизни анализи за тоа што се случува на пазарот на труд.

“Одговорот, според мене треба да се бара на два пункта. Прво, од каков вид на кадар имаат потреба компаниите и второ, каков вид на работна сила се нуди на пазарот. Така, сега веќе се соочувме со потреба од висококвалификувана работна сила која ќе може да управува со ИТ технолошките процеси во градежништвото, земјоделството, телекомуникациите. Прашање е колку и дали невработените можат да  одговорат на новите трендови“ – вели Миле Бошков, претседател на Организацијата на работодавачи.

Според октомвриските мерења на Агенцијата за вработување, во земјава има 224 157 невработени, од нив 41,6% се на листата активни баратели на работа а 58,4% се пасивни баратели на работа.

Од друга страна, на пазарот на труд, приватниот бизнис пријавил дека има потреба од 7 381 работник, или ако се направи пресметка само во однос на оние што активно бараат работа, тогаш се добива податокот дека за едно работно место би се бореле нешто повеќе од 12 невработени. Додека бизнисмените велат дека има најголем недостаток на високо квалификувана работна сила,  анализата на пазарот на труд покажува дека набарани се работници со ниско образование.  Еве во кои сектори има најголем број на слободни работни места :

Продавачи           687

Општ работник    598

Келнер                  416

Шанкер                 236

На листата “Занимања со најголем број на слободни работни места “ се најдоа и две професии за кои е потребно високо образование. На пазарот на труд има потреба од 108 градежни инженери и 54 програмери.

Анализирано по дејности, најголем број на слободни работни места има во преработувачката индустрија, па во трговијата и угостителството.

Еве во кои други  дејности, колку слободни работни места имало во октомври :

Финансиски дејности, осигурување   513

Транспорт, складирање                    379

Земјоделство, шумарство                 272

Грдежништво                                      242

Стручни, научни дејности                  293

За да ги стимулира вработувањата во приватниот сектор, Владата спореведе неколку програми, од кредитирање до субвенционирање на нови вработувања.

Државни грантови и ефтини кредити – кои се условите?

Активните мерки за варботување треба да дадат ефект кон позначајно намалување на невработеноста, оправдан е интересот да се добие ефин државен кредит за самовработување или субвенција за  нововработени, но од друга страна, мора да се отвори прашањето  под какви услови се нудат буџетските пари и кои се обврските за корсниците – коментираат експертите.

Владата понуди неколку пакети на мерки: неповратни средства за сопствен бизнис во вредност од 3300 евра, самовработување со кредит од 3 000 до 9 000 евра, финансирање на нововработени во фирмите со сума од 1 500 до 7 500 евра.

Експертите велат – за сумирање на ефектите треба да се почека оној момент кога лицата што земале кредити ќе треба да почнат и да ги отплаќаат.
“Овие кредитни линии мора да се под исклучително поволни кредитни услови, со грејс период од најамлку 3 години за да може да бидат исплатливи за бизнисот. Токму малите, почетни бизниси се најранливи, кај нив “смртноста“ има највисока стапка. Подаоците покажуваат дека тие умираат по првите 5 години, или дури 80% од малите бизниси не успеаваат да преживеат по петгодишен период на опстојување“ – објаснува за “Порталб“професорката Марија Зарезанкова Потевска и додава:
“Целта на владините мерки за самовработување не треба да биде само краткорочно отворање на бизнис, туку и негова одржливост и креирање на нови работни места“. Таа посочува дека за разлика од кај нас, Европската Унија не размислува само како да се отворат нови мали бизниси, туку како да се обезбеди нивната одржливост.
Владата е убедена дека мерките даваат ефект, според ресорниот министер 90% од ново отворените бизнис биле успешни.

За оние што не успеале, доколку по истекот на два месеци од отворање на бизнисот не реализирале финансиска трансакција преку УЈП, ќе добијат опомена, а веќе по третиот месец од доставата на опомената ќе треба да ги вратат средствата што ги добиле од државата. Доколку на пример, корисникот престане да ја врши дејноста пред истекот на 1 односно 2 години од датумот на регистрирање на бизнисот, обврзан е веднаш да вработи друго лице и тоа од евиденцијата на невработени.  Кредитите што ги земаат корисниците, се обезбедени со гаранција (хипотека) и се обврзани навреме да ги плаќаат ратите, во спротивно банката ќе ја активира наплатата.

Во земјава 70% од бизнисите се од групата на “мали и средни фирми“ и во нив се вработени повеќе од 70% од вкупниот број на вработени. Малите и средни бизниси учествуваат во содавање на 50% од Бруто Домашниот Производ.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести