Победа за Борусија Дортмунд, а пораз за Шалке во германскиот куп

Фудбалерите на Борусија Дортмунд остварија победа во осминафиналето од герамнскиот куп. Тие како гости го совладаа Сарбрикен со 2:0 и се пласираа во следната фаза од ова натпреварување.

Изненадување претставува поразот на домашен терен на Шалке од Хофенхајм со 3:1, а гостите пласманот во следната рунда го обезбедија во првиот дел кога имаа водство од 3:0.

На другите два дуела одиграни синоќа: Унион Берлин – Кајзерслаутерн 0:3 и Хамбургер – Келн 2:1.

Останатите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат вечерва, двојките се: Фрајбург – Баер Леверкузен, Волфсбург – Инглоштат, Ајнтрахт Франкфурт – Сандхаузен и Аугсбург – Баерн.

Најчитани вести