Светскиот научник Никола Тесла е веројатно најдобро познат по своите пионерски истражувања во областа на електрична енергија и роботиката и по бројните пронајдоци во овие области. Сепак, тој е исто така познат и по своите необични опсесии, а понекогаш и по бизарното однесување.
Погледнете некои од најчудните факти за него:
1. Тесла имал неверојатна опсесија со бројот 3
Иако бил гениј, Тесла си имал свои карактеристики. Тој бил апсолутно фиксиран на бројот три. Секогаш ги миел рацете три пати по ред и морал да ја заобиколи зградта трипати пред да влезе во неа. Според некои, оваа негова опсесија можела да биде манифестирање на опсесивно компулсивно нарушување.
2. Тесла мразел бисери
Познатиот научник не може да ги поднесе бисерите. Тој толку ги мразел што не сакал дури ни да да разговара со жените кои ги нослеле на својот врат. Никој не е сигурен зошто го правел тоа и зошто ги мразел бисерите, но повторно некои за ова велат дека е доказ за за опсесивно компулсивно однесување.
3. Живеел во целибат
Брачниот живот не би за Тесла, кој еднаш изјавил: „Не верувам дека можете да именувате многу големи изуми на оженети мажи“. Тој наводно, мислел дека сексот би влијаел негативно на неговата научна работа.
4. Живеел во хотелска соба
Тесла минал многу години во Њујорк, а својата последна деценија ја поминал во соба на хотелот Њујоркер. Живеел во собата 3327, двособен апартман на триесет и третиот спрат.
5. Гулабите му биле необично мили
Многумина ги хранат гулабите во паркот. Тоа на Тесла не му било доволно. Имал навика болните гулаби да ги носи во својот апартман. Меѓутоа, еден гулаб всушност му го освоил срцето, како што напишал: „Го сакав тој гулаб како што мажот ја сака жената, а и тој ме сакаше мене. Додека го имав, постоеше поента во мојот живот“.
6. Тврдел дека го измислил зракот на смртта
Тесла можеби ги сакал животните, но тој поседувал и своја мрачна страна. Всушност, тој тврдел дека го измислил зракот на смртта кој можел да зрачи честички низ воздухот, толку силни што би биле во состојба да уништат флота од 10.000 непријателски авиони.



