Ибраимовски: Со 15 % повраток на ДДВ добиваат сите граѓани, а со вашата лотарија само еден

Вашата лотарија е прочитана работа. Го направивте во минатиот период и добитник беше член на вашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Со 15 % повраток на ДДВ добиваат сите граѓани без разлика на партиската припадност. И тоа е помош на граѓаните бидејќи тоа го заслижуваат и граѓаните се тие кои го полнат буџетот на Р. Македонија.

Граѓаните мора да знаат кај одат парите и како се трошат парите на државниот буџет. Со транспарентноста на буџетот и со учествувањето на граѓаните во донесувањето на буџетот државата ќе добие многу повеќе, а со тоа даваме повеќе податоци за трошењето на парите на Р. Македонија. Не како до сега со делумно давање на податоци за буџетот се наоѓаме на последното место во европа по транспарентност, позади Белорусија. 

Самка Ибраимовски, пратеник во Собрание на Република Македонија

Најчитани вести