Банката за развој при Советот на Европа и Охридска банка потпишаа договор за кредитна линија од осум милиони евра кои ќе бидат наменети за мали и за средни претпријатија. Договорот вчера во Париз го потпишаа вицепремиерот на Банката за развој при Советот на Европа, Аполонио Руиз Лигеро и членот на Управниот одбор на Охридска банка, Сосиете Женерал групацијата Филип Котора.
Кредитната линија ќе се користи за финансирање на инвестициски проекти со цел да се подобри квалитетот и ефикасноста во работењето на малите и на средните претпријатија, да се зачуваат моменталните работни места и да се создадат нови можности за вработување. Кредитот ќе се користи и за обезбедување на фиксни средства и производствена опрема кои ќе се финансираат до висина од 50 проценти од проектот и до 50.000 евра за обртен капитал.


