Фејсбук статус на Ивица Боцевски:
„Вчера повторно го видовме грдото лице на фашизмот во Македонија. Ова е порака за српската заедница во Република Македонија. За жал, на столбот на срамот главни ликови се и неколку медиуми од Македонија кои го подбуцнуваат овој излив на фашизам – АЛСАТ-М, ТЕЛМА, Плусинфо и Либертас, како и некои поединци од политиката. Се надевам дека Судот на честа на ЗНМ конечно ќе реагира и ќе ја осуди оваа кампања на омраза насочена против изразувањето на идентитетот на една од помалите етнички заедници во Македонија.“
„Ајде да повторам уште еднаш – слободата секогаш се мери според слободата на оној што е помал, помалку значаен, помалку влијателен, помалку вмрежен, оној што мисли поинаку, оној што изгледа поинаку, оној што верува поинаку, оној што себе си се дефинира поинаку. Србите во Македонија спаѓаат во таа категорија, па неподготвеноста на „Разбуди се“ да го заштитат правото за изразување на идентитетот на една многу помала заедница од нивната зборува многу за нивниот однос кон мултикултурата, толеранцијата, дијалогот, заедничкиот соживот, слободата и почитувањето на правата на другите. Јас најискрено се надевам дека ова не е доминантен став на албанската заедница во Македонија, туку дека е став само на една мала група провокатори.“


