Во делови од Франција, вклучително и Париз, деенска стапи во сила забраната за служење и консумирање алкохол на отворено поради топлотниот бран што ја зафати земјата.
Забраната, воведена за време на годишниот музички фестивал „Fête de la musique“, опфаќа 35 од 101 департман во Франција, каде што метеоролошката служба издаде црвен метео аларм.
Владата вчера објави дека префектите во овие региони ќе воведат забрана за служење алкохол на отворено за да се олесни товарот на службите за итни случаи и медицинска помош.
Прославите „Fête de la musique“ се откажани на некои места.
Метеоролошката служба соопшти дека предупредувањето може да се прошири и на други региони во текот на наредните денови, при што се очекува температурите да надминат 41 степен Целзиусов.
Издадено е предупредување и за шумски пожари.
Министерот за образование, Едуар Жефри, нареди 845 основни и средни училишта да останат затворени во понеделник. На дополнителни 1.800 образовни установи им е кажано да ги испратат учениците дома рано попладне пред температурите да достигнат врв.
МИА


