На денешен ден пред 20 години почина основоположникот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески.
Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е виден македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Ве потсетуваме на филмот „Проста и строга македонска песна“, што своевремено го направи Фондацијата „Рамковски“ и го посвети на животот и делото на Конески.


