Пред 22 години се одржа најлуксузната свадба во историјата на Југославија

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ во најтесниот круг на семејство ја прославија 22-годишнината од бракот.

Еден од најпопуларните парови на Балканот – Брена и Боба, се венчаа на 7 декември 1991 година, во тоа време најлуксузниот хотел во поранешна Југославија, белградски Интерконтинентал.

На свадбата имало 500 гости, Брена носеше Диорова венчаница, а парот доби многу скапи подароци.

lepa_brena_boba_1

Тоа беше најголема и медиумски најпривлечна свадба во историјата на Југославија, државата која набргу потоа се распадна. Но, за разлика од неа, бракот на пејачката и тенисерот издржа до денес, и покрај сите падови, кои како и сите бракови ги искусија.

Двојката има два сина – Стефан и Виктор.

Брена на Твитер се пофали со прославата организирана во нивна чест.

lepa_brena_twitter

Најчитани вести