Најчевска: Јас сум поддржувач на правото, глуперди недоквакани

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил одговори на провладините медиуми кои во текот на вчерашниот ден пишуваа дека поддржувачи на опозицијата, меѓу кои и таа, поттикнувале тензии, поврзани со случајот на споменикот на цар Душан. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во продолжение:

„Не поттикнува тензии тој кој гради споменици спротивно на законите, не поттикнуваат тензии тие кои кришум ставаат споменици во ноќните часови, не поттикнуваат тензии тие кои ги трошат парите на споменици наместо на подобрување на животот на сите граѓани во државата, туку поттикнуваат тензии тие кои бараат примена на правото, одговорна и отчетна власт и казнување на прекршителите на законите. И ќе почнам со приватни тужби за навреда на секој медиум кој ќе ме нарече поддржувач на опозицијата. Јас сум поддржувач на правото, глуперди недоквакани“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Најчитани вести