Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Охрид ќе се сретне со албанскиот министер за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто.
На средбата се очекува двајцата министри да разговараат за проектите, кои се значајни за двете земји и за регионот, како што е изградбата на Коридорот 8 и други инфраструктурни проекти.


