Композирторот Горан Бреговиќ синоќа во Сараево соопшти дека формира Фондација со цел да им помогне на младите и талентирани Роми од Босна и Херцеговина да добијат музичко образование.
Фондацијата, наречена Горица според името на ромски кварт во Сараево, ќе почне да собира средства со концерт на Бреговиќ и други познати музичари од поранешна Југославија, кој ќе биде одржан на 19 декември во Сараево.
Бреговиќ потенцира дека во прво време Фондацијата ќе цели да им помогне на ромските деца во Сараево, со амбиција подоцна да ја опфати целата држава.
Според него, во земјата со 3,8 милиони жители, од кои 100.000 се Роми, само пет или шест ромски деца се запишани во музичко училиште.


