Четворица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на булеварот Јане Сандански кај Три Бисери.
Според информациите од СВР Скопје сообраќајката се случила во 15.30 меѓу три возила – пежо со кумановски регистерски таблички и два скопски голфа. Повредените се однесени со возило на Итна помош во Ургентниот центар.
Една од повредените во сообраќајната незгода била жена која поради болки во градите итно е пренесена на кардиологија.
ИЗВОР: „Канал 5“


