Две тешки кражби во гостиварско, крадците причиниче штета од над 12 илјади евра

Непознати сторители, во се уште неутврден период провалиле во куќата на А.С. (53) во селото Топлица и заминале со плен, кој според пријавителот, имал вредност од околу десет илјади евра.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, било утврдено дека крадците, во домот на печалбарот, во кој подолг период немало никој, влегле преку подрумски прозорец. По пребарувањето, во потпокривот нашле ќесе во кое имало повеќе десетина парчиња златен накит.

Тешка кражба е регистрирана и во селото Форино, каде што од куќата на А.Е. (50), вчера попладне биле украдени пари, неколку парчиња златен накит и мобилен телефон. Вредноста на украденото, според пријавителот, достигнува 140 илади денари.

Полицијата извршила увид и трага по сторителите.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести