ФОТО-ГАЛЕРИЈА: Надзорната расправа низ нашиот објектив

Денешната надзорна расправа во комисијата за политички систем низ објективот на нашата камера. Власт, опозиција, сведоци, новинари, загрижени, насмеани, замислени, концентрирани, уморни… ликови!

Темата за дебата беше притворот како мерка или казна, слободата на говор, презумпција на невиност, медиуми.

А „слушнавме“ кој каде припаѓал, од кого земал пари, за чии интереси работел, пред 10-15 години и сл.

Експертите, кои дадоа стручно објаснување на девијациите во овие четири точки на расправата, беа обвинувани за политичка припадност, „сомнително“ финансирање, непрофесионалност заради политичкиот бекграунд. А речиси сите беа повикани за оваа расправа од парламентарното мнозинство. Се стекна впечаток, дека тие луѓе кои се обидоа да ги дијагностицираат слабостите и да понудат соодветни решенија, беа повикани од власта, само и само да се фрлат дамки на нивниот професионален ангажман и стручноста.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести