Загина тракторист од Скопје

Милче П. (1964) од Скопје го загуби животот откако, управувајќи трактор на локалниот пат село Побожје – село Бродец, изгубил контрола, излегол надвор од коловозот и се превртел во провалија. 

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера, кај месноста Две реки.

Настраданиот управувал трактор со приколка, без регистарски таблички, а починал на лице место.

Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести