Писмо од претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски – интегрален текст:
Писмо до моето партиско раководство, до членството на Обединети за Македонија, до мојот народ,
Почитувани Мои сестри и браќа, го поздравувам годишното собрание на Обединети за Македонија во предвечерието на петата година од формирањето на Обединети за Македонија, кој од движење одам преку претседателските избори со слоганот „Обединети за Македонија“ и предвреметите парламентарни избори, како и локалните избори се профилиравме во силна политичка партија а денес на ова годишно собрание ја покажуваме оправданоста на нашата борба и на нашето постоење.
Дозволете ми да од длабочината на мојата душа, од моето страдалничко срце ве поздравувам вас најхрабрите, ќерки и синови на Македонија претседателите на Месните и Општинските Организации, Обединета Младина за Македонија душата на Обединети за Македонија како и нашите членови и симпатизери БЛАГОДАРАМ.
Почитувани, Обединети за Македонија не е ни 4-та, ни 3-та ниту пак 2-ра политичка партија на македонската политичка сцена, но е единствената сила без која неможе да се замисли политичката иднина на Македонија.
Полека влегувам во 7-та година на моето заточеништво за Македонија, ние кој длабоко во себе ја носиме идеологијата на ВМРО, скапо сме ја плајќале слободата за Македонја, но знаевме и знаеме Македонија нема цена. Св. Павле во обрајќањето кон коринчаните ќе рече: “Тие не прогонуваа ние трпевме” силна е пораката на Св. Павле затрпението и издржливоста, затоа секој мој говор, секој мој разговор со вас сестри мои и брајќа го завршувам со пораката ИЗДРЖЕТЕ.
Да издржиме во борбата против расколниците на ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ тие немаат сон за Македонја, ниеден вмроовец негинел, не се борел робувал, и страдал за ваква режимска и апартхејска Македонија. Македонија која ја поделија како на две нации, на предавници и патриоти, антички и словени, на верници и неверници ја поделија по сите основи.
Затоа мораме да издржиме во борбата за сонот на генерациите страдални, за Македонија да биде јаве.
Никогаш не ми било важно со колку години робување ќе биде послан, ќе биде распослан тешкиот пат до слободата, никогаш нема да ви се жалам ни солза да пуштам, знам дека заедно со вас и со мојот народ ќе ги скршиме тешките окови со кој на политички, економски, безбедносен најмногу на евроатланскиот пат е заробена Македонија. Јас силно верувам во вас, во мојот народ, како што верувам во светците и во бога, верувам во моќта негова која неможе да се види, затоа што зборев и зборувам во моите говори, никој неможе да победи народ,!!!!!! А народот бил и ќе остане собран околу стожерната политичка партија Обединети за Македонија.
Сестри мои и браќа, многу значајни историски и политички одлуки на најголемите борци за слобода донесени се од мрачните и студени затворски ќелии, така најголемиот меѓу нас, највозвишениот кој во борбата за слобода ги достигна хималаите Нелсон Мандела одлуките против апархејдот и неговата борба за слобода за него и неговиот народ ги донесе од затворските ќелии, затоа ве повикувам со еден минутен молк му одадеме почит и се поклониме кон неговото и општо човечко слободарско дело.
Во 2014 ќе славиме 5 год. Од нашето формирање со нашата како денес по актуелан парола “СЛОБОДА ИЛИ СМРТ избери СЛОБОДА”, убеден сум дека 2014 ќе биде година за победа на Обединети за Македонија и коалицијата, а посебно коалицирањето со идеолошките истомисленици од ВМРО –Народна Партија пред водена од Георгиевски и како што ќе рече нашиот Генерален Секретар во негово интервју “кој ќе го победи двоецот Георгиески-Бошкоски”, јас ве убедувам дека нема таква сила да не победи, затоа што нашата борба за Македонија е праведна.
Почитувани, ако некој денес ни докажува дека Македонијa, нашиот народ е надвор од вистината, побрзо ќе ја одбереме Македонија отколку вистината, затоа што Македонија е вистина таа е вечна и бесмртна.
Да живее Обединети за Македонија, да живее Македонија!!!!!!!
Зандани-Идризовски , лето господово 2013 секогаш ваш Брат Љубе Бошкоски , претседател на Обединети за Македонија
Во видеото писмото го чита генералниот секратеар на Обединети за Македонија, Раде Милошоски:


