СВР Штип поднесе кривична пријава против Х.Т(19) и М.П.(20) двајцата од Пробиштип, осомничени дека сториле кривично дело „противправно лишување од слобода”.
На улицата „Кочо Рацин“ во Пробиштип, вчера околу 4 часот, соопшти денеска МВР, пријавените движејки се со патничко моторно возило „Југо 101 Скала“ управувано од М.П, ја пресретнале Р.Р.(20) од Пробиштип, која се движела пеш по улицата. Притоа со употреба на физичка сила и закана, насилно ја внеле во возилото и веднаш се упатиле кон Свети Николе при што ѝ упатувале сериозни закани по нејзиниот живот.


