Екипата на Челзи не успеа да се пласира во полуфиналето на англискиот Лига Куп откако синоќа на гостувањето загуби од Сандерленд со 2:1 по продолжение.
„Сините“ од Лондон поведоа по автоголт на Ли Катремол во 46.минута, Фабио Борини изедначи во 88.минута, а победничкиот гол за Сандерленд во продолжението во 118.минута го постигна Ки Сунг-Јеунг.
На вторниот натпревар одигран синоќа од четвртфиналето Манчестер Сити славеше победа на гости кај Лестер со 3:1.
Стрелец на два гола беше Един Џеко, еден постигна Александар Коларов за Манчестер Сити, а стрелец за Лестер беше Лојд Даер.
Вечерва се играат другите два четвртфинални натпревари, а двојките се: Стоук – Манчестер Јунајтед и Тотенхем – Вест Хем.


