Гори седумкатница во Тетово, има повредени, а дел од станарите не можат да излезат

Пожар попладнево избувна во седумкатната зграда со број 14, во населбата Блок 70 во Тетово. Горат станови и подруми, а чадот се шири нагоре оневозможувајќи ги жителите да излезат од зградата. Противпожарни екипи со кранови ги спасуваат жителите, меѓу кои има деца и бебиња. Според првичните сознанија, повредени се двајца пожарникари, а неколку жители на зградата со амбулантни возила се пренесени во болница поради задушување од чад.

На местото и натаму пристигнуваат противпожарни и возила на прва помош. Пожарот избувнал околу 14 часот, меѓутоа засега не се знае точно каде и од што бил предизвикан.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести