Со нов пораз МЗТ Скопје го заврши настапот во Еврокупот

Со уште еден пораз кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го завршија настапот во Еврокупот.

Во спортскиот центар „Борис Трајковски’’ во Скопје, МЗТ Скопје Аеродром е поразен од рускиот тим Уникс Казан со 62:88 по четвртини 25:29, 9:23, 13:23 и 15:13, во натпревар од последното 10.коло во групата Г.

Дамјан Стојановски и Иван Маринковиќ беа единствените играчи во редовите на македонскиот шампион со двоцифрен број на поени, завршувајќи ја средбата со по 12 постигнати поени.

Во редовите на Уникс Казан, кој со максимален ефект од 10 победи ја заврши првата фаза, најефикасен беше Ендрју Гудлок кој постигна 19 поени.

МЗТ Скопје, со само една победа и девет порази го заврши својот деби настап во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Во останатите два натпревари од оваа група играат ВЕФ Рига – Банвит и Макаби Хаифа – Калев Талин.

Најчитани вести