Во кошаркарската Евролига вечерва и утре се играат натпреварите од последното 10.коло од првата фаза. Единаесет екипи досега изборија пласман во ТОП 16 фазата, а останати се уште пет празни места.
Четирите првопласирани екипи во секоја од четирите групи ќе ги продолжат натпреварите во Евролигата, а останатите ќе се натпреваруваат во Еврокупот.
Двојки за 10.коло и табели:
А група: Партизан – ЦСКА Москва, Барселона – Будивелник, Нантер – Фенребахче (четврток).
Табела: Фенербахче 7-2 (победи-порази), ЦСКА Москва 6-3, Барселона 6-3, Партизан 3-6, Нантер 3-6, Будивелник 2-7.
Б група: Анадолу Ефес – Реал Мадрид, Бамберг – Жалгирис (четврток), Стразбур – Армани Милано (се игра во петок).
Табела: Реал Мадрид 9-0, Армани Милано 5-4, Анадолу Ефес 4-5, Жалгирис Каунас 4-5, Бамберг 3-6, Стразбур 2-7.
Ц група: Зиелона Гора – Олимпијакос, Монтепаски – Уникаха (четврток), Баерн – Галатасарај (петок)
Табела:Олимпијакос 9-0, Галатасарај 6-3, Уникаха 4-5, Баерн Минхен 3-6, Монтепаски 3-6, Зиелона Гора 2-7.
Д група: Панатинаикос – Макаби (четврток), Лиетувос Ритас – Црвена Звезда (петок) и Лаборал – Локомотив Кубан (петок).
Табела: Макаби 7-2, Локомотив Кубан 6-3, Панатинаикос 5-4, Лаборал 5-4, Црвена Звезда 5-4, Лиетувос Ритас 1-8.


