Во денешното соопштение на СДСМ упатено до премиерот Никола Груевски, опозицијата го прашува зошто Владата не им ги исплати субвенциите на земјоделците за 2012 година и каде се 130 милиони евра субвенции за 2013 година?
-Крајниот законски рок за исплата на 2012 година беше 30-ти јуни, но до денеска половина од земјоделците се уште ги чекаат субвенциите, додека за 2013 година никој во државата нема добиено ниту денар државна поддршка, се наведува о соопштението.
-На што ги потроши Владата парите на земјоделците, прашува СДСМ.
Советот за земјоделство и рурален развој на СДСМ смета дека ваквото доцнење на исплатата на субвенциите од речиси две години, дополнително ќе ја влоши состојбата во македонскиот аграр.
-Нашите земјоделски производи нема да бидат конкурентни на увозните бидејќи сите други земјоделци од регионот и од земјите од ЕУ ги имаат добиено субвенциите за 2013 и сега ги очекуваат парите за 2014, тврди агросоветот на СДСМ во соопштението.
-Зошто молчат и никаде ги нема таканаречените лидери на земјоделците да излезат и да бараат од Премиерот Груевски да ги почитува законите? Или остануваат доследни на лојалноста кон нивниот шеф Груевски кога треба да се напаѓа опозицијата, а ги нема кога треба да ги застапуваат вистинските земјоделци, прашуваат од СДСМ,


