НБА: Победи за Оклахома и Сан Антонио

Во најсилната светска кошаркарска лига ноќеска беа одиграни два натпревари на кои победа славеа екипите фаворити.

Лидерот на „Западот“ Оклахома на домашен терен го совлада Чикаго со 107:95. Најзаслужен за овој триумф на Оклахома беше Кевин Дјурант со постигнати 32 поени, 9 скокови и 6 асистенции.

Понеизвесно беше на вториот ноќешен натпревар во кој Сан Антонио како гостин се радуваше на победата против Голден Стејт со 104:102.

Вечерва се играат девет натпревари: Филаделфија – Бруклин, Атланта – Јута, Кливленд – Милвоки, Детроит – Шарлот, Мајами – Сакраменто, Индијана – Хјустон, Далас – Торонто, Денвер – Феникс и ЛА Лејкерс – Минесота.

Пласман Источна конференција: Индијана 20-5 (победи-порази), Мајами 19-6, Атланта 14-12, Детроит 13-14, Шарлот 12-14, Вашингтон 11-13, Бостон 12-15,…

Пласман западна конференција: Оклахома Сити 21-4, Портланд 22-5, Сан Антонио 21-5, ЛА Клиперс 18-9, Хјустон 17-9, Далас 15-10,Феникс 14-10, Денвер 14-10.

Најчитани вести