Читаме многу истражувања веќе со години за тоа дека цигарите, чадот и се што е поврзано за никотинот се најголем убиец на модерното време. Дали е тоа така? Дали цигарите се поголеми убијци од војните кои се водени на пример само во текот на 20 век?
Дали малите хартиени цилиндри наполнети со тутун навистина се виновни за повеќе смрт од смртоносните метални цилиндри?
Цигарите убиле повеќе луѓе од Првата светска војна
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), цигарите предизвикале 100 милиони смртни случаи во текот на 20 век. Различни се проценките колку жртви однела Првата светска војна, но сите се согласуваат дека бројката не е помала од 8,5 милиони и дека не е поголема од 16,5 . Оваа проценка ги опфаќа и воените и цивилните жртви.
Цигарите убиле повеќе луѓе од Втората светска војна
Втората светска војна била главно двојно посмртоносна од Првата – проценки се дека загинале од 40 до 72 милиони луѓе. Ни таа бројка не е близу бројката на смртни случаи од цигарите.
Цигарите убиле повеќе луѓе од двете светски војни заедно
Која било проценка да ја земете, цигарите се виновни за многу повеќе смртни случаи од двете големи војни во 20 век заедно.
Дали тутунот е поголем убиец од сите војни во 20 век?
Ова е момент кога митот престанува, а реалноста ја презема главната сцена… Барем 69 милиони луѓе се убиени во големите судири и војните во текот на 20 век. Тој број е двојно поголем ако се земе предвид најголемата т.е. најлошата проценка. Циниците би рекле дека таа бројка и три пати е поголема, со оглед на тоа дека за оваа анализа е користена Википедија како клучен извор.
Што ќе биде понатаму?
СЗО направи мапа на земји во кои тутунските компании даваат бесплатни цигари на деца од 13 до 15 години. Тоа е пракса која зема замав во многу делови на светот. Тоа е една од причините зошто СЗО го користи зборот епидемија да ги опише болестите предизвикани од цигарите на кој било начин и предупредува дека ако сегашниот тренд продолжи, до крајот на 21 век бројот на мртви од цигари може да биде и до една милијарда.
Дали цигарите се посмртоносни од осаменоста?
Според податоците на Кампањата против осаменост, оттуѓеноста т.е. алијенацијата е опасна по здравјето исто како да пушите 15 цигари дневно. Своето мислење го темелат на студијата која е објавена во 2010 година и која сугерира дека социјализацијата или нејзиното отсуство претставува голем ризик по здравјето и дека според ефектот речиси.


