За 11 минути игра во победата на Атланта против Јута од, македонскиот кошаркар Перо Антиќ имаше биланс од 7 поени со шут од поле 3-4, 2 скока и 1 асистенција и индекс на корисност 9.
Најефикасен соиграч на Антиќ беше „резервистот“ Луис Вилијамс со 25 поени, додека Ал Хорфорд реализира 23 поени.
Конечниот резултат изнесува 118:85 (по четвртини 30:16, 25:18, 30:24, 33:27).
Ова беше 15 сезонска победа за Атланта.
На другите ноќешни натпревари од НБА лигата постигнати се следниве резултати: Филаделфија – Бруклин 121:120 (продолжение), Кливленд – Милвоки 114: 111 (продолжение), Детроит – Шарлот 106:116, Мајами – Сакраменто 122:103, Индијана – Хјустон 114:81, Далас – Торонто 108:109 (продолжение), Денвер – Феникс 99:103 и ЛА Лејкерс – Минесота 104:91.
Вечерва играат: Њујорк – Мемфис, Бостон – Вашингтон, Орландо – Сакраменто, Шарлот – Јута, Детроит – Хјустон, Чикаго – Кливленд, Милвоки – Филаделфија, Сан Антонои – Оклахома, Феникс – Далас, Портланд – Њу Орлеанс, Голден Стејт – ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс – Денвер.
Пласман Источна конференција: Индијана 21-5 (победи-порази), Мајами 20-6, Атланта 15-12, Шарлот 13-14, Детроит 13-15, Вашингтон 11-13, Бостон 12-15,…
Пласман западна конференција: Оклахома Сити 21-4, Портланд 22-5, Сан Антонио 21-5, ЛА Клиперс 18-9, Хјустон 17-10, Феникс 15-10, Далас 15-11,


