По бод за Ајнтрахт и Аугсбург на отворањето на 17.коло во Бундес лигата

Во Германското фудбалско првенство синоќа се одигра првиот натпревар од последното коло во 2013 година. На „Комерцбанк Арена“ во Франкфурт, Ајнтрахт и Аугсбург одиграа без победник 1:1.

Раул Бобадила во 33.минута им донесе водство на гостите, а изедначи Јан Розендал во 42.минута.

Двојките за денешните натпревари: Борусија Дортмунд – Херта, Вердер – Баер Леверкузен, Фрајбург – Хановер, Хамбургер – Мајнц, Ајнтрахт Бруншвајн – Хофенхајм и Нирнберг – Шалке.

Последниот натпревар за оваа година во Бундес лигата ќе се одигра утре во Менхенгладбах каде Борусија го пречекува Волфсбург.

Натпреварот Штутгарт – Баерн Минхен е одложен за 22 јануари 2014 година поради настап на Баерн на Светското клупско првенство.

Табела: Баерн Минхен 44 бодови, Баер Леверкузен 37, Борусија Дортмунд 32, Борусија Менхенгладбах 32, Волфсбург 29, Шалке 27.

Најчитани вести