Малага освои три бода во Елче

Малага синоќа на гостински терен го победи Елче со 1:0 во првиот натпревар од 17.коло на шпанската Примера Дивизија.

Игнасио Камачо 6.минута им ја донесе победата на гостите кои од 60.минута играа со играч повеќе поради исклучувањето (втор жолт картон) на Дамијан Суарез.

Денеска се играат четири натпревари од оваа рунда: Виљареал – Севиља, Бетис – Алмерија, Атлетико Мадрид – Леванте и Гранада – Сосиедад.

Последните пет средби за 2013 година во најквалитетната шпанска фудбалска лига се закажани за утре: Еспањол – Ваљадолид, Хетафе – Барселона, Атлетик Билбао – Ваљекано, Селта – Осасуна и Валенсија – Реал Мадрид.

Табела: Барселона 43 бодови, Атлетико Мадрид 43, Реал Мадрид 38, Атлетик Билбао 30, Виљареал 28, Сосиедад 26,

Најчитани вести