Изненадување во Лига 1, Монако на домашен терен поразен од Валенсиен

Второпласираниот тим на табелата во Лига 1 Монако, синоќа на домашен терен со 2:1 загуби од екипата на Валенсиен која се наоѓа во зоната на испаѓање.

За Валенсиен ова беше само трета победа на 19 одиграни натпревари сезонава, а Монако го претрпе вториот пораз.

Головите за гостинскиот состав на „Луј Втори“ ги постигнаа Ерик Абидал 30.минута (автогол) и Давид Дакуртиу 58.минута, а Џејмс Родригез во 84.минута ги постави конечните 1:2.

Шест натпревари од 19.коло се играат денеска: Сент Етиен – Нант, Бастија – Монпеље, Ница – Евиан, Ремс – Ајачио, Сошо – Рен и Тулуз – Генгамп.

Оваа рунда ќе се комплетира утре со трите натпреври: Олимпик Марсеј – Бордо, Лориен – Олимпик Лион и ПСЖ – Лил.

Табела: ПСЖ 43 бодови, Монако 41, Лил 39, Бордо 30, Нант 29, Олимпик Марсеј 28,

Најчитани вести