Две девојки загинаа, а две момчиња се повредени

Две девојки загинаа, а две момчиња се повредени, во тешка сообраќајка што се случила утринава околу 4:40 часот на патот Струмица-Валандово.

Несреќата се случила, како што информираат од полицијата, кога 25-годишниот П.К. од гевгелиско Негорци кој управувал со „опел вектра“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и паднал во провалија.

Н.М. (25) од Негорци и М.П. (31) од Миравци починале на лице место, додека возачот и сопатникот Т.Д. (25) од Гевгелија се здобиле со повреди.

Според информациите сите четворица биле колеги и се враќале дома по завршување на работата во казиното каде биле вработени.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести