Успешно заврши операцијата врз коленото на македонскиот ракометен ас Наумче Мојсовски. Лекарскиот тим на чело со д-р Шенк задоволен е од тоа како се одвивала операцијата и се надева дека Мојсовски во скоро време повторно ќе го предводи Металург и македонската репрезентација.
– Голема благодарност до медицинскиот тим и д-р Шенк за одлично изведениот оперативен зафат. Докторот ме извести дека операцијата минала во најдобар ред, а и јас се чувствувам одлично. Синоќа ме оперираа, а веќе денеска почнав да се движам со помош на патерици и да работам основни физички вежби. Очекувам дека брзо ќе се опоравам и ќе се вратам посилен од кога и да било. Им благодарам на сите мои фанови и пријатели за безрезервната поддршка која ми ја даваат, изјави Наумче Мојсовски од болницата во Австрија.
Мојсовски како што пишува официјалниот портал на Металург, утре или најдоцна задутре ќе се врати во Скопје.



