Тимот на Ливерпул изби на чело на табелата во англиската Премиер лига откако попладнево на домашен терен го победи Кардиф со 3:1. „Црвените“ од Енфилд на лидерското место ќе останат барем до понеделник за кога е закажан дерби натпреварот Арсенал – Челзи.
Головите за Ливерпул на денешниот меч ги постигнаа Луис Суарез (25. и 45.минута) и Рахим Стерлинг во 42.минута. Единствениот погодок за Кардиф беше дело на Џордон Мач во 53.минута.
На другите денешни натпревари од 17.коло во Англиското фудбалско првенство се среќаваат: Кристал Палас – Њукасл, Фулам – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед – вест Хем, Стоук – Астон Вила, Сандерленд – Норвич и Вест Бромвич Албион – Хал.
Утре играат: Саутемптон – Тотенхем и Свонси – Евертон.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со лондонското дерби.
Табела: Ливерпул 36 бодови (натпревар повеќе), Арсенал 35, Челзи 33, Манчестер Сити 32, Евертон 31,


