Дуња Мијатовиќ (ОБСЕ): Интернетот не смее да се регулира со закон

Дуња Мијатовиќ, претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите, во интервју за еден босански весник, на прашањето дали некој вид на законска регулатива е потребна за порталите на интернет и како таа нерегулираност на интернетот влијае на слободата на новинарството, одговори:

– Не, погрешен е пристапот да се обидете со закон да го регулирате интернетот илин порталите. Мојот став во врска со слободата на говорот е јасен – слободата секогаш треба да ја заштитиме, освен во случај на повици за насилство. Се разбира, постои можност за клевета и тоа може да се реши преку постојните закони и граѓанското, а не кривичното право. Саморегулацијата на порталите, како што има саморегулација на печатените медиуми, е единствениот начин да се постават некои стандарди. Знам многу луѓе кои сметаат дека е недоволна, но секоја друга опција може да биде опасна за кршење на основните човекови права.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести