Значи да сумирам, се што правевме досега: демонстративното напуштање на прес конференцијата на Ивановски во март, затемнувањето на веб порталите на 3 мај, читање и мачење со текстот на законот што четири пати го менуваа, ама постојано беше над 120 страни, доставувањето на забелешките, сите наши јавни, домашни и меѓународни лобирања за поддршка против законот за медиуми, отпорот кој беше јасен и недвосмислен, сето тоа заврши со една збунувачка, недоречена, одвај најавена прес конференција, една импровизирана и лоша , сега е веќе извесно, амбасадорска палијатива во која главни улоги имаа ЗНМ и Министерството. Го користам зборот палијатива – затоа што е соодветен за состојбата на нашето новинарство. Палијативна грижа е грижа за болните за кои фаталниот исход е прашање на време па останува само тој и неговото семејство да се подготват на неизбежното. Никакви дообјаснувања и соопштенија не помагаат, усвојувањето на законите оди по итна постапка.
И тоа е тоа.
Фејсбук статус на Тамара Чаусидис


