Макрадули: Жалам што Крамарска стана соучесник во приземната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Искрено жалам што и една Соња Крамарска стана соучесник во приземната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи секогаш говорам за и во име на вистината, по принципот на нужна одбрана принуден сум да ја објавам СМС пораката што сум ја пуштил во последните 4 години, како реакција на еден нејзин текст во кој што таа согласно професионалните стандарди не побарала коментар од мене. Еве го СМС-от: “Извини што ти се обраќам, но не можам да премолчам што со твојот саботен коментар се ставаш во улога на пренесувач на партиски пораки. Искрено жалам што во некоја наредна дискусија во Собрание ќе треба да те ставам во ист контекст со некои други кои јавно ронат солзи за слободно и професионално новинарство, а во пракса одработуваат партиски агенди. Ако веќе имаш амбиции да се занимаваш со политика зачлени се во СДСМ и направи една десетина од тоа што јас сум направил за мојот СДСМ. Слободно можеш оваа порака да ја објавиш (во целост се надевам) како најдобар демант за твојот текст, како што сум сигурен дека експресно ќе ја препратиш на твоите нарачатели.”
Е сега јавноста нека процени дали ова е закана, а за вистинските причини зошто Крамарска побегна од надзорната расправа набрзо следи поопширен опис…

Фејсбук статус на Јани Макрадули

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести