Групацијата Триглав во 2014 планира нето добивка од 65,6 милиони евра

Нето добивката на  Групација „Триглав“ за следната година е планирана на износ од 65,6 милиони евра, а консолидираната бруто полисирана премија 902,1 милиони евра.

Во деловниот план што го усвои надзорниот одбор на Групацијата за 2014 година се најавува фокус на основната осигурителна дејност, како и на остварување профитабилност и сигурност во работењето.

Капиталот на Групацијата Триглав е планирано да достигне 606,1 милиони евра. Со оглед на случувањата во изминатите години и зголемената фреквентност на штети од големи катастрофи (град, поплава, луња, итн.), Групацијата очекува благо зголемување на обемот на штетни случувања во 2014 година и согласно на тоа предвидува количник на штети од 67,5 проценти.

Во 2014 година, осигурителните друштва на Групацијата Триглав се очекува да направат бруто оперативни трошоци во износ од 232,4 милиони евра.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести