– Нападот е најдобра одбрана. Наместо Груевски да зборува зошто Македонија има толкава невработеност, се поголема сиромаштија и зошто Македонија не може да привлече странски инвестиции, тие мора да создадат старо-нов непријател, а тоа е опозицијата. Жалам што ги инструментализираа граѓаните, купуваа актери, купуваа земјоделци, сега сакаат да купат мир после кршењето на Уставот и законите. Го немам одговорот како ќе заврши сето ова, но на што мора да направиме е да пробаме крајот да биде добар. Да покажеме дека Македонија може и подобро, а каква ќе биде разврската на сето ова зависи од оние што ќе ни се приклучат и ќе им го свртат нив грбот. Зависи од оние што ќе кажат дека нивната душа не е на продажба – изјави пратеничката Радмила Шекеринска од СДСМ.


