ВИДЕО: Вељаноски не издржа и од место му врати на Мисовски

Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски од говорницата потсети на „црниот понеделник“ и на негативната улога која ја имаше претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Додека Мисовски говореше за случувањата од 24 декември кои ќе ги изучува правната наука и дека ова ќе биде трет случај во последните 400 години, Вељаноски не остана рамнодушен и постојано му дофрлаше.

-Трајко Вељаноски ќе биде запаметен во историјата на Република Македонија, како претседателот на Собраниетото на кого пратениците му свртеа грб – рече Горан Мисовски од НСДП.