Пeлагониските тутунари се крајно незадоволни од откупната кампања

Пелагониските тутунари незадоволни од според нив нерегуларната процена на родот од годинешната реколта, бараат тутунските здруженија да ги повлечат поверениците од пунктовите, а надлежните да ги тргнат мострите и да ја укинат четвртата класа. Само така сметаат ќе се коригира до некаде овој хаос што продолжува и во редовниот откуп. Од друга страна голем е бројот на производителите, кои реагираат бидејќи чекаат со часови за да го предадат тутунот.

„Бараме сите тутунските здруженија да ги повлечат своите повереници, ако тие си ја вршеа својата работа, ќе имаше регуларен откуп, не родот секаде да се проценува по класа подолу. Не само што не ги штитат нашите интереси, туку и ќе не принудуваат и за нив да оддвојуваме пари, тоа се нас дополнителни и неоправдани трошоци. Очигледно е дека тутунаските здруженија не ги штитат интересите на обичните тутунари“ вели Дејан Јанкулоски од с. Загорани.

pelagonija

Тутунарите бараат и сите политички партии да се тргнат настрана од нив. Велат дека сите партии и политичари се добри и сите ветуваат само со една намера да профитираат на нашата мака.Разочарари во политичарите, тутунарите сега бараат да се укине 4-та класа и да се тргнат мострите бидејќи не се почитуваат при процената.

„Катастрофална е оваа година, во целиот регион и во Прилепско и во Битолско. Просечната откупна цена се движи од 130 до 150 денари за килограм, а ветуваа по 200 денари на почетокот на кампањата, оти оваа реколта е многу поквалитетна од ланската. Ама што, не вреди тоа. Затоа бараме надлежните во Министерството да ги повлечат мострите, да се укине четврта класа, за да се постигне соодветна цена“, реагира Васко Јосифоски од битолското село Трновци.

Според тутунарите просечната откупна цена е 130 до 150 денари за килограм што е за 50 денари помалку од ветените 200 денари кои беа најавени на почеток на кампањата годинава. Производителите годинава се жалат и на третманот од откупните компании.

„Дојден сум од четири часот изутрината., еве пладне е, а никој не не викнал, ќе си чекаме со часови, кој знае може поради вас новинарите ќе не викнат за процена. Сите се жалат дека линијата е затегната годинава, не можам да кажам оти еве чекам на ред за да го предадам родот“, вели Стојан Цветаноски, којшто има посадено годинава 9 декари тутун.

(М.Т.)

ИЗВОР: Паткоказмагазин

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести