Ермира му одговори на Димовски: За токмак треба да имаш нешто друго!

Пратеничката Ермира Мехмети од ДУИ преку Фејсбук му одговори на директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој денеска исто така преку Фејсбук ја повика да им се придружи со токмак на демонстрантите од „пластичарската улица“ за заедно да ги урнат трансформаторите на ЕВН или да им ги плати сметките за струја.

-Би било добро колегата Димовски да прифати дека Законот за медиуми кој го гласаше вчера му овозможува преку неговиот Центар за комуникации да им дели политички лекции на медиумите, но не мене. А за токмак, потребно е да имате нешто друго“,напиша Мехмети.

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести