Педесет и четиригодишниот Ѓорѓи П. од Неготино синоќа бил пронајден мртов во неговиот дом, а семејството во 18.20 часот телефонски го пријавило случајот, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол во Секторот за внатрешни работи Велес.
– По овластување на јавен обвинител увид на лице место изврши увидна екипа на Секторот. И медицинската екипа и полициската екипа констатираа дека нема траги на насилство па телото на починатиот му е дадено на семејството, рече Стојковска.


