Малиот Кристијан Арсов од Велес има само три години, а веќе може да се рамни со своите знаења со деца кои одат во петто одделение во училиште, објави „Канал 5“.
Како што објави телевизијата, малиот Кристијан научил да чита и пишува на година и половина, на две години веќе ги изговарал бројките на шест светски јазици, а во моменотот учи и јапонски. Бројките ги владее беспрекорно и не му е проблем да собира и одзема до неколку стотици.
Кристијан игра со геометрија, се воодушевува на информациите од енциклопедиите, а топката ја заменил со часови истражувања на интернет и тоа на англиски јазик. Малиот генијалец не се одвојувал од својот таблет.
Сепак најголем проблем на родителите на ова генијално дете е фактот што во Македонија нема програми за напредни деца, па може да се случи овој талент да го открие и присвои некоја друга држава во светот.
]]>


