На граничниот премин Батровци на српско-хрватската граница полициските и царинските службеници откриле 24 килограми хероин во автомобил со кој управувал германски дражавјанин со македонска националност, кој патувал од Македонија кон Германија. Како што соопштија од српската Царинска управа, хероинот вчера е откриен со мобилен царински скенер во просторот под резервното тркало.
– Во просторот на резервното тркало беше сокриен професионално изработен бункер обезбеден како сеф со две електрични брави, во кој се наоѓаа околу 24 килограми хероин спакуван во 40 пекетчиња излепени со селотејп, се појаснува во соопштението и се додава оти во дополнителниот претрес се откриени уште 10 пакувања во автомобилот.
]]>


