Прскање против комарци утре во Неготино

Прскање против комарци ќе се спроведе утре на територијата на општина Неготино, информираа од неготинската локална самоуправа.

– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување систематска дезинсекција на подрачјето на нашата општина, стручни екипи ќе спроведат прскање против комарци. Предвидено е прскањето да започне утре и ќе се врши во раните утрински часови – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму ги предупредија одгледувачите на пчели да ги преземат сите соодветни мерки за нивна заштита.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести